Матична служба
Матична служба во ПЗУ 95-Медика вклучува една амбуланта по општа медицина со два тима матични лекари кои овозможуваат брза и ефикасна услуга во две смени. Нашиот тим работи повеќе од десет години заедно, градејќи доверба и разбирање помеѓу пациентите и соработниците, а со тоа нашите пациенти добиваат брза и квалитетна услуга за прегледите, упатите и рецептурата.