Правилната подготовка на пациентот за земање или оставање примерок во лабораторија е многу важна, затоа што од тоа зависи точноста на лабораториските резултати. Начинот на подготовка зависи од видот на анализата која треба да се изработи.
На резултатите на лабораториските испитувања влијаат следните параметри:
- Режим на исхрана во предходниот период
- Индекс на телесна маса (BMI)
- Возраст
- Пол
- Примена терапија
- Бременост
- Физичка активност
- Одредени животни навики (консумирање на кафе, алкохол, цигари)
НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ – ТОЧНИТЕ ИНФОРМАЦИИ КОИ ГИ ДАВАТЕ ПРЕД ДА ВИ ЗЕМЕМЕ ИЛИ ПРЕД ДА ОСТАВИТЕ ПРИМЕРОК, ВЛИЈААТ НА ПРАВИЛНА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА ВАШИТЕ РЕЗУЛТАТИ !
Давањето на точни податаци пред процесот на венепункција е важно за правилно толкување на резултатите во однос на референтните вредности кои се различни за деца и возрасни; бремени жени и жени во менопауза; пациенти кои примаат одредена терапија и здравата популација.
Leave a Reply